Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат италијанските медиуми.
Ачерби е во зрели години, Де Врај е на излезна врата, па „нероаѕурите“ сакаат да доведат најмалку еден квалитетен дефанзивец.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека на врвот на списокот желби се наоѓа дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф.
Јунајтед ги одбил сите понуди за трансфер на 29-годишниот шведски репрезентативец во зимскиот преоден рок, но сигирно ќе го продаде на лето.
Линделоф влегува во последната година од договорот, па Интер може да го доведе за само 10 милиони евра.