Веќе подолго време се зборува за евентуалниот трансфер на Лаутаро Мартинез во Барселона, а Интер веќе им постави ултиматум на Каталонците.
Самиот Лаутаро инсистира да се пресели на „Камп Ноу“, а според некои информации веќе се договорил со Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во неговиот договор има откупна клаузула од 111 милиони евра и Интер бара Барселона да ја плати таа сума за да се реализира трансферот.
Директорот на Интер, Бепе Марота за италијанските медиуми потврди дека откупната клаузула истекува на 7-ми јули и до тогаш мора да се реализира трансферот.
„Интер не сака да ги продава своите најдобри играчи, но случајот со Лаутаро е поинаков бидејќи има откупна клаузула. Ако Барселона сака да ја плати таа сума, тогап ние не можеме ништо. Рокот за откупната клаузула истекува на 7-ми јули“, изјави Марота.
Италијанските медиуми тврдат дека после овој датум Интер ќе одбива секакви преговори за трансфер на Лаутаро.
The €111m release clause of Inter striker Lautaro Martinez – the priority signing for Barcelona this summer – expires on 7 July, says CEO Beppe Marotta https://t.co/Ux0CZCTgbd
— footballespana (@footballespana_) June 9, 2020