Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е блиску до договор со ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.




Неодамна стана јасно дека Дибала нема да го продолжи договорот со Јувебтус и на лето ќе замине како слободен агент.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Иако неколку клубови се заинтересирани за Аргентинецот, сепак Интер е фаворит за неговиот потпис и преговорите се во напредна фаза.




Двете страни се блиску до договор и Дибала ја прифатил понудата за 4-годишен договор тежок 7,5 милиони евра по сезона.




Интер на лето ќе се ослободи од Санчез и Видал чии плати изнесуваат 20 милиони евра бруто и така ќе ја обезбеди платата за Дибала, пренесуваат италијанските медиуми.