Од раководството на Интер и официјално испратија соопштение по повод расистичките напади од публиката кон Калиду Кулибали.
Синоќешното дерби помеѓу Интер и Наполи го одбележа расистичкиот скандал, по што „нероаѕурите“ беа казнети со два меча играње без публика.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во врска со случувањата на натпреварот Интер – Наполи во средата навечер и одлуката на Спортскиот суд на Серија А, клубот сака да каже дека од 9 март 1908 година, Интер претставува интеграција, гостопримство и иновативност. Овие карактеристики ја дефинираат историјата на Милано како град… Интер во моментов е презентиран од 29 земји во светот, од Камбоџа до Колумбија, работејќи со илијадници деца инволвирани во проектот Интер Кампус. Целта е да се обезбеди правото да играат фудбал и оние кои живеат во несигурни околности, важноста на овие активности е признаена и од Обединетите нации“.
„Од таа ноќ пред 110 година кога основачите не ставија на овој пат, ние отсекогаш сме велеле НЕ за секоја форма на дискриминација. Затоа денеска имаме обврска уште еднаш да кажеме дека секој кој не ја разбира или прифаќа нашата историја, оваа клупска историја, тој не е еден од нас“, стои во соопштението на Интер.