Италијанските медиуми тврдат дека Интер е на добар пат да го комплетира трансферот на дефанзивецот на Бенфика и шведската репрезентација, Виктор Линделоф.
22-годишниот дефанзивец игра фантастично во дресот на Бенфика и го привлече вниманието на многу големи клубови ширум Европа.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Манчестер Јунајтед, Јувентус, Милан, Челзи се само некои од клубовите кои го сакаат дефанзивецот во своите редови, а медиумите тврдат дека Интер ја победил конкуренцијата и е најблиску до неговиот потпис.
„Нероаѕурите“ веќе постигнале комплетен договор со агентот на фудбалерот и се спремни да ја платат неговата откупна клаузула која изнесува 30 милиони евра.
Медиумите се сигурни дека во јануари Линделоф ќе пристигне на „Џузепе Меаца“, што ќе биде второ големо засилување за Интер кое пристигнува од Лисабон, после трансферот на Жоао Марио кој дојде од Спортинг за 45 милиони евра.