Дома Трансфер зона Интер го сака Франк Кеси, му нуди трампа на Милан

Интер го сака Франк Кеси, му нуди трампа на Милан

Тренерот на Интер, Антонио Конте е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Милан, Франк Кеси,пренесуваат италијанските медиуми.

Кеси игра уште една одлична сезона и е незаменлив во тимот на „росонерите“, а Конте смета дека би бил идеално засилување за неговиот тим и човек кој ќе донесе баланс во средниот ред на „нероаѕурите“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради тоа Интер е спремен да му понуди трампа на градскиот ривал и за возврат да го понуди потписот на Гаглиардини плус одредена доплата.

Трампите помеѓу миланските гиганти не се ништо ново, двата клуба одлично соработувале и во минатото.

Сепак, „росонерите“ најверојатно ќе ја одбијат оваа понуда бидејќи не сакаат да се разделат со Кеси и спремаат нов договор за играчот од средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…