Дома Трансфер зона Интер во замена за Габигол добива играч од 50 милиони!?

Интер во замена за Габигол добива играч од 50 милиони!?

Интер во 2016 година го донесе Габигол како големо засилување за 33 милиони евра, но Бразилецот на крајот се покажа како големо промашување.

Габигол воопшто не се снајде на „Џузепе Меаца“ и моментално игра на позајмица во Сантос, но „нероаѕурите“ со него би можеле да направат одлична трампа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Имено, Интер е заинтресиран за 17-годишниот напаѓач на Фламенго Линколн кој важи за еден од најголемите таленти во Бразил. Тинејџерот има откупна клаузула од 50 милиони евра, а менаџерот потврди дека би можело да дојде до трампа со Габигол.

„За големите играчи е подобро што е можно порано да се преселат во Европа за да се прилагодат на тамошната фудбалска култура. Линколн има откупна клаузула од 50 милиони евра и го сакаат неколку европски клубови“, откри агентот.

„Размена со Габигол? Тоа би била одлична опција за сите. Габриел е одличен напаѓач, не се снајде во Милано, но се уште е многу добар играч. Мислам дека за Интер тоа би била совршена операција“, додаде агентот.

Сепак, останува да видиме дали Фламенго ќе се согласи на ваква трампа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…