Ѕвездата на Наполи, Лоренцо Инсиње би можел кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Инсиње одигра одлична сезона и игра добро на Европското првенство, но преговорите за продолжување на соработката со Наполи не одат во добра насока.
Крилниот напаѓач влезе во последната година од договорот, па Наполи јасно му порача дека ако не стави потпис на нов договор ќе биде продаден ова лето.
Ливерпул и Тотенхем внимателно ја следат ситуацијата со Инсиње и сакаат да го донесат во своите редови.
Наполи е спремен да го продаде бидејќи не сака да го загуби играчот без обештетување и за неговата слобода бара 30 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат.