Дома Трансфер зона Инсиње на радарот на Барселона?

Инсиње на радарот на Барселона?

Oдличниот репрезентативец на Италија, Лоренцо Инсиње ова лето би можел да го напушти Наполи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според пишувањето на шпанските медиуми челните луѓе на Барселона се во потрага по засилувања, а на нивниот радар бил и Инсиње.

Во наредниот период Барселона ќе се обиде да продаде неколку првотимци од минатата сезоан и да тргне во доведување нови. Официјалната понуда на адреса на Наполи би можела да пристигне кога ќе бидат продадени некои играчи.

Инсиње и на Европското првенство прикажува одлични настапи, а како што јавуваат странските медиуми во овој момент шпекулациите поврзани за трансфер не го вознемируваат. Во минатата сезона одигра 35 натпревари во Серија А и постигна 19 голови и подели седум асистенции.

Договорот со Наполи му истекува наредното лето, па поради тоа во Барселона се надеваат дека ќе го добијат по пониска цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…