Дома Фудбал Италија Инсиње: Ако Сари го превземе Јувентус ќе ги предаде Наполитанците

Инсиње: Ако Сари го превземе Јувентус ќе ги предаде Наполитанците

Ставот на Наполитанецот е јасен.

Фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње зборуваше на конференцијата пред натпреварот помеѓу Италија и Босна и Херцеговина и во таа прилика го прокоментира евентуалното доаѓање на Маурицио Сари на клупата на Јувентус.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Инсиње играше кај Сари од 2015 до 2018 година, два пати беше втор во Серија А, а сега е еден од најсериозните кандидати да го превземе Јувентус.

„Тоа е шпекулација која меп рави незадоволен. Направи толку многу за нас играчите и Наполитанците. Тој во исто време е професионалец, но ако го избере Јувентус тоа ќе не боли. Ако тој го избере Јувенту за сите нас Наполитанци тоа ќе биде предавство“, изјави Инсиње.

Маурицио Сари му го донесе трофејот на Челзи во Лигата на Европа, тоа беше прв европски трофеј за Челзи после 2013 година кога Рафа Бенитез го освои истото натпреварување.

Во својата дебитантска сезона на клупата на Челзи победи на 39 натпревари, единствен кој успеа да забележи повеќе беше Мурињо во 2004 година.

https://www.youtube.com/watch?v=TfW_qVR9RN0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…