Дома Фудбал Инзаги првата победа во новата работа ја оствари против уште една легенда на Милан

Инзаги првата победа во новата работа ја оствари против уште една легенда на Милан

Италијанскиот прволигаш Салернитана во 1/16-финалето на Купот рутински и без никакви проблеми со 4:0 ја победи Сампдорија.

На клупата на Салернитана, нејзиниот нов тренер Филипо Инзаги забележа победа во својот трет натпревар, а судбината сакаше да биде против Андреа Пирло, неговиот поранешен соиграч од Милан, со кој ги освои сите можни домашни и континентални трофеи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


И на двајцата им претстои исклучително тешка работа во моментов. Салернитана е последниот тим во Серија А со само четири бода по 10 кола, а Сампдорија е на 17-то место во Серија Б, што на крајот од сезоната води во плеј-офот за да остане во втората лига.

Во Купот Инзаги го очекуваат нови средби со старите познаници, во осминафиналето ќе игра против Јувентус, неговиот поранешен клуб.

За Стара Дама играше од 1997 до 2001 година, кога за вртоглави 36 милиони евра се пресели во Милан, каде подоцна ја заврши играчката кариера и ја започна својата тренерска кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вторпат во седум дена нападнат судијата кој го запроси својот дечко!

Фудбалскиот судија Паскал Кајсер стана познат во јавноста откако неодамна, за време на нат…