Дома Фудбал Останато Инзаги може да биде наследен од човекот кој го елиминираше во Лигата на шампионите?

Инзаги може да биде наследен од човекот кој го елиминираше во Лигата на шампионите?

Позицијата на Симоне Инзаги на клупата на Интер не е сигурна, а клубот веќе започнал да бара негова замена. Според последните информации „нероаѕурите“ започнале преговори со Сержо Консесисао кој со Порто беше елиминиран од италијанскиот тим во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Интер е во четвртфиналето од најелитното европско натпреварување во кое ќе игра против уште еден португалски гигант, тимот на Бенфика. Меѓутоа тимот бележи лоши резултати во Италија и по последното реми со Салернината повеќе не е помеѓу најдобрите четир иекипи.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Многу веројатно е дека ако Инзаги не се избори за место во Лигата на шампионите тоа ќе го плати со отказ.

„Газета дело Спорт“ пишува дека првите контакти помеѓу Интер и Консеисао се веќе направени. Сепак, преговорите со Порто нема да одат лесно бидејќи тој има договор до 2024 година.

Останатите две имиња кои се поврзуваат со Интер се Тијаго Мота кој ја предводи Болоња, како и Роберто де Зерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Леверкузен веруваат дека Чаби Алонсо ќе остане

Раководството на Бајер Леверкузен очекува Чаби Алонсо да остане во клубот и по летото, твр…