Дома Фудбал Останато Има еден услов во неверојатната понуда за Мбапе

Има еден услов во неверојатната понуда за Мбапе

Пари Сент Жермен му понуди „астрономски“ договор на Килијан Мбапе за да остане во клубот, но има еден важен услов.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Паризиен“ вчера ги откри деталите од понудата која изнесува неверојатни 200 милиони евра за две години.

ПСЖ е спремен да му плаќа 50 милиони евра по сезона, плус 100 милиони евра како бонус за лојалност. Меѓутоа, раководството има еден услов: Мбапе да го потпише новиот договор после истекувањето на актуелниот.

Тоа значи дека Мбапе ќе се води како нов фудбалер и на тој начин ќе се избрише клаузула според која ПСЖ треба да му плати 35 милиони евра на поранешниот клуб на играчот, Монако.

Се уште не е јасно дали Мбапе ќе ја прифати понудата бидејќи многу медиуми тврдат дека тој веќе има договор со Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Прв историски гол на Зеленортски Острови на Светски првенства. Торпедо од 30 метри за неверојатен погодок

ФУДБАЛЕРИ од Зеленортски Острови поставија историски прв гол на светско првенство во рамки…