Дома Фудбал Иличиќ се вратил во Италија, но се уште нема да игра за Аталанта

Иличиќ се вратил во Италија, но се уште нема да игра за Аталанта

Јосип Иличиќ не играше за екипата на Аталанта во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Поради психички проблеми Иличиќ го напушти Бергамо непосредно пред заминувањето на тимот за Лисабон. Откако се „собрал“ и одморил од се Иличиќ се врати во Италија. Се најавуваше дури и негов крај на кариерата, но тоа нема да се случи и тој ќе се врати на теренот.

Аталанта му даде време колку што му е потребно да одмори. Нема да го форсира неговото враќање, а секако Иличиќ во овој момент и физички не е спремен бидејќи се вратил со неколку килограми вишок.

Се очекува да му биде потребно најмалку еден месец да се врати во форма. Ноември е месецот во кој Аталанта очекува негово враќање и секако дека тој ќе претставува големо засилување.

Иличиќ минатата сезона за Аталанта настапи на 34 натпревари и постигна 21 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио чекаше 16 години за ова: Гатузо на врвот, навивачите во бојкот!

Девет победи, едно реми и прво место во Серија А: Лацио го повтори достигнувањето на тимот…