Легендарниот голман на Јувентус Џанлуиџи Буфон на вчерашната прес-конференција соопшти дека го напушта клубот во кој помина 17 сезони.
Се уште не е јасно дали тоа ќе значи и крај на неговата кариера. Легендарниот голман има 40 години, но понуди не му недостасуваат. Се шпекулира дека интерес за Буфон покажува Пари Сен Жермен, но неговиот агент Силвано Мартина ги израдува Англичаните.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мартина изјави дека Буфон го обожава навивачите на Вест Хем.
„Во Англија искрено отсекогаш искрено ги обожаваше навивачите на Вест Хем, тоа го наведе и својата книга. Ми кажа да не зборувам во јавноста за имињата на клубовите во кои би можел да ја заврши кариерата, она што можам да ви откријам е дека ја сака Премиер лигата“, изјави неговиот агент за „The Sun“.
Буфон со Јувентус освои 11 титули во Серија А, чеитири во Купот на Италија и пет во Суперкупот.