Фудбалерот на Њукасл Киеран Трипие би можел да го напушти овој клуб во текот на зимскиот преоден рок.
Трипие важи за еден од најважните играчи на Њукасл, па поради тоа оваа информација која пристигнува од Островот е изненадувачка. Но, причината поради која Трипие би можел да ја промени средината е пријавениот минус на клубот од 73.4 милиони фунти. Поради тоа Њукасл би морал да продадени одредени фудбалери за да го израмни годишниот извештај.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претходно како фудбалери кои би можеле да ја наполнат касат се споменуваат Александар Исак и Бруно Гимараеш, а сега на оваа листа се додава и Трипие.
Медиумите името на Трипие веднаш го поврзуваа со Баерн Минхен кој е во потрага по десен бек. Искуството кое го има Трипие секако би можело да биде од голема корист на тренерот Томас Тухел.
Договорот на Трипие со Њукасл истекува во јуни 2025 година, а сезонава на 19 натпревари во Премиер лигата запиша седум асистенции.
.@FCBayern are interested in signing @NUFC defender Kieran #Trippierhttps://t.co/m7kpFKGiIH
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) January 19, 2024