Дома Трансфер зона Изненадување: Мурињо со понуда за ѕвездата на ПСЖ

Изненадување: Мурињо со понуда за ѕвездата на ПСЖ

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо сака на „Олд Трафорд“ да го донесе крилниот напаѓач на Пари Сент Жермен, Лукас Моура.

Бразилецот оваа зима сигурно ќе го напушти ПСЖ, а Мурињо сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе на позајмица.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Светците“ се спремни да се раделат со Лукас Моура, но сакаат во договорот да биде вметната клаузула според која Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупи за 40 милиони фунти.

25-годишниот Бразилец има 212 настапи и 44 гола за ПСЖ, но оваа сезона ниту еднаш не се најде во стартниот тим и има само шест настапи од клупата.

Поради тоа тој по секоја цена сака да ја промени средината во јануари, па иако се шпекулираше дека може да се пресели во Кина, сепак најверојатно ќе остане во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…