Дома Фудбал Останато Изненадување: Барса ја плаќа клазулата и носи Италијанец на клупата?

Изненадување: Барса ја плаќа клазулата и носи Италијанец на клупата?

Јирген Клоп беше невозможна мисија за летото 2024 година, Ханси Флик изгледа не е по желба на комплетната управа, а според последните најави нов тренер на Барселона треба да биде Роберто Де Зерби.

Познатиот новинар Хави Мигел објави информација дека Жоан Лапорта и спортскиот директор на Барселона, Деко дале зелено светло Италијанецот да биде нов тренер на Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Условот е само еден – Барселона да плати десет милион иевра колку што изнесува откупната клазула на Де Зерби. Претставници на италијанскиот тренер оваа недела престојувале во Барселона и со Деко и Лапорта воделе преговори кои траеле повеќе од три часа.

На тој состанок наводно било утврено дека Де Зерби е најдобра опција во овој момент. Италијанецот форсира фудбал каков што сака Барселона – напаѓачки, со посед на топка и висок пресинг кој не излгедаше најдобро под водство на Чави.

Неодамна Де Зерби доби пофалба и од Пеп Гвардиола кој има сличен стил, па секако дека тие пофалби имаат посебно значење.

„Ниту еден клуб во Премиер лигата, па ниту во Европа нема така добро организиран напад од голманот до последната третина на теренот. Де Зерби работи маестрално и спремен е за голем клуб“, изјави Пеп во една прилика.

Информациите се дека Де Зерби веќе прифатил и Брајтон не би требало да прави проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…