Борусија Дортмунд е силно заинтересирана во своите редови да го донесе италијанскиот напаѓач Марио Балотели, пренесуваат италијанските медиуми.
Договорот на Балотели со Ница истекува на крајот на сезоната и ќе биде слободен агент. Италијанецот синоќа го постигна својот 18-ти гол оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интерес за Балотели од поодамна покажуваат Рома и Наполи кои веќе започнаа преговори со неговиот агент, Мино Раиола.
Сега во траката за неговиот потпис се вклучи и Борусија Дортмунд, која според медиумите му нуди најдобри финансиски услови на Италијанецот.
Иако до пред неколку дена се трдеше дека Балотели сигурно ќе се врати во Италија, во моментов големи се шансите тој од следната сезона да игра во Бундес лигата.