Дома Фудбал Избран судијата за финалето во Лигата на шампионите

Избран судијата за финалето во Лигата на шампионите

Во големото финале од Лигата на шампионите која оваа година во завршницата се играше во едни поинакви околности силите ќе ги одмерат Баерн и ПСЖ.

УЕФА одлучи правдата во финалето да ја делат судии од Италија. За главен арбитар е избран Даниеле Орсато, еден од најдобрите судии на денешницата.

На Орсато ќе му асистираат Лоренцо Манганели и Алесандро Гиатини, додека за четврт судија е избран Романецот Овидиу Хатенген.

Во ВАР собата ќе бидат двајца Италијанци, Масимо Ирати и Марко Гвида.

Натпреварот помеѓу Баерн и ПСЖ се игра во недела со почеток од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Девет месеци чекање, па шпалир и аплаузи: Савона повторно на терен! (Видео)

Николо Савона се врати на тренинзи на трева по тешката повреда на коленото, а соиграчите и…