Дома Останати Тенис Избрани топ 10 спортисти во Европа

Избрани топ 10 спортисти во Европа

Полската тенисерка Ига Швионтек е прогласена за најдобра спортистка во Европа на 65. натпревар организиран од Полската новинска агенција (ПАП), на кој учествуваа 20 новински агенции од Европа.

Младата полска тенисерка во изминатите 12 месеци освои осум турнири, меѓу кои УС Опен и Ролан Гарос, а од април е број еден во светот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во изборот таа славеше со 118 поени, на второто место е шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис (106 поени), а трет е холандскиот Формула 1 возач Макс Верстапен (82 поени).

Следат шпанските тенисери Карлос Алкараз (76 поени) и Рафаел Надал (66), францускиот фудбалер Килијан Мбапе (55), норвешкиот биатлонец Јоханес Тингнес Бе (50), норвешката крос-кантри скијачка Тереза ​​Јохауг (42), романската пливачка Давид Поповиќи (37) и данскиот велосипедист Јонас Винегор (33).

Секоја агенција состави своја топ десет листа, а гласови добија вкупно 58 спортисти – 42 мажи и 16 жени.

Рекордот го држи Швајцарецот Роџер Федерер со пет победи, а една помалку има Новак Ѓоковиќ. Советскиот скокач во височина Валери Брумел и легендарниот Михаел Шумахер славеа по три пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Агаси го „отпиша“ Србинот за следната сезона: Мислам дека Ѓоковиќ ќе остане без енергија

Новак Ѓоковиќ ќе ја започне новата сезона со учество во Бризбејн (30 декември – 6 ја…