Дома Фудбал Останато Игуаин одлично започна, но Гатузо бара од него да промени една работа

Игуаин одлично започна, но Гатузо бара од него да промени една работа

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо е задоволен што првиот напаѓач на овој тим, Гонзало Игуаин започна да постигнува голови, но порача дека ќе мора да поработи на некои работи.

Игуаин постигна гол против Калјари во минатото коло од Серија А, а потоа и во вчерашниот натпревар против Дуделаж во Лигата на Европа, но Гатузо смета дека Игуаин треба побрзо да се движи во шеснаесетникот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Сите сме среќни поради победата, не е само Игуаин. Имаше неколку прилика, можеше да постигне и хет-трик. Игуаин во последно време повеќе стои околу белата точка, а во Наполи постигнуваше голови и на двете стативи“, им порача Гатузо на новинарите.

Милан во наредното коло од Серија А ќе игра против Аталанта на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ ги воодушевил сите во Милано, „росонерите“ веќе донеле одлука!

Лука Модриќ (40) брзо ги освои срцата на фановите на Милан и ги натера италијанските медиу…