Португалскиот дефанзивец Габриел после одличната сезона во Лил, го привлече вниманието на клубовите во Премиер лигата, а Челзи наводно ја добил битката за неговиот потпис.
Според „Еуроспорт“, „сините“ ќе платат 35 милиони евра за играч кој претходно играше за вториот тим на Динамо Загреб.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Интересно е тоа што пред само две години, Габриел пристигна на „Максимир“, но одигра само еден натпревар за Динамо и потоа беше преместен во вториот тим.
Оваа сезона блесна во дресот на Лил, играше во Лигата на шампиони и привлече големо внимание, па Челзи побрза да го договори трансферот на 22-годишниот дефанзивец.