Дома Фудбал Играч на Тотенхем го нападнале со солзавец и му го украле вредниот часовник

Играч на Тотенхем го нападнале со солзавец и му го украле вредниот часовник

Ив Бисума (27), играчот од средниот ред на репрезентацијата на Мали и англиски прволигаш Тотенхем, беше жртва на насилен грабеж ноќта меѓу саботата кон неделата во Кан.

Играчот од средниот ред на Тотенхем бил нападнат додека се враќал од забава со својата партнерка околу 4 часот наутро. Двајца со качулки го нападнале пред неговиот автомобил паркиран пред хотелот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Малиецот се обидел да се сокрие во автомобилот, но напаѓачите го испрскале со солзавец и украле часовник вреден околу 300.000 евра.

Полицијата се уште трага по напаѓачите, а Бисума и неговата девојка избегале без сериозни повреди. Малиецот игра за Тотенхем од јули 2022 година, а беше член и на Брајтон и Лил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…