Дома Фудбал Останато Играчот на Милан: Навивам за Звезда, скокав од радост кога ја добивме на ждребот

Играчот на Милан: Навивам за Звезда, скокав од радост кога ја добивме на ждребот

Милан во четврток ќе и гостува на Црвена Звезда во Белград во рамките на 1/16 финалето од Лигата на Европа.

Во тимот на Милан има неколку Балканци, а еден од нив е Раде Круниќ, кој не крие дека е навивач на Црвена Звезда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Звезда е најсилен тим во Србија, а има и своја историја со Милан. Мораме да ја вратиме самодовербата после поразот од Специја. Како дете навивав за Црвена Звезда, и многу се радувам што ќе играм  на Маракана“, изјави Круниќ.

„Мојот сон од секогаш беше да играм за Милан. Кога ја добивме Звезда на ждребот скокав од среќа бидејќи тоа се два клуба кои ги сакам цел живот“, додаде Круниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…