Дома Фудбал Играчот кој си го размени дресот со Меси во градското дерби морал да оди во полиција

Играчот кој си го размени дресот со Меси во градското дерби морал да оди во полиција

Фудбалерите на Еспањол во изминатиот викенд беа поразени од градскиот ривал Барселона на „Камп Ноу“ со резултат 2:0.

Барселона до новите три бода стигна предводена од Лионел Меси кој одигра уште еден маестрален натпревар. Меси постигна два гола, еден со помош на играчот на Еспањол после неговиот слободен удар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


https://www.youtube.com/watch?v=yZLjO8k3j6M

После овој натпревар во центарот на вниманието се најде фудбалерот на Еспањол, Адриан Педроса.

Овој фудбалер доби жестоки критики и навреди од навивачите на Еспањол затоа што го замени дресот со Меси, за нив тоа e предавство на клубот. Меѓутоа оние најжестоките навивачи не застанале со навредите од трибините и социјалните мрежи, Педроса добил стоина заканувачки пораки.

Шпанските медиуми објавија дека Педроса поради големите закани кои ги добивал се одлучил и да пријави во полиција и сето тоа само затоа што го земал дресот на Меси.

Педроса е млад фудбалер и има 20 години, сигурно дека е шокиран од ваквата реакција на навивачите на Еспањол. Сепак, има и такви иако се во помал број кој го бранат зборувајќи дека одлично го чувал Меси во текот на натпреварот.

Пред самиот крај на натпреварот дури и го удри аргентинскиот напаѓач кој сакаше да му возврати. Но, на крајот си пружија рака еден на друг, а потоа си ги разменија дресовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…