Монтрезел Харел играчот на Лос Анџелес Клиперси кој го нарече Лука Дончиќ „бела кучка“ во третиот натпревар од плеј-офот му се извини на Словенцот пред четвртиот натпревар.
Харел пред натпреварот зборуваше со Дончиќ и двајцата се решија со разговор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После натпреварот Харел се огласи и на Твитер каде што напиша:
„Се решивме и ги тргнавме глупостите за кои се пишуваше. Го почитувам Лука, ја разбра жештината на моментот во натпревар, ми одговори дека тоа не му пречело. Го почитувам“.
Дончиќ после средбата исто така се огласи.
„Многу емоции има на теренот, посебно за време на плеј-оф натпреварите. Се извини, го почитувам, нема проблеми“, изјави Словенецот.
Montrezl Harrell apologized to Luka Doncic pregame for comments he made about Doncic in Game 3. pic.twitter.com/L9Ej5I3AmO
— ESPN (@espn) August 23, 2020
СИТУАЦИЈАТА ОД ТРЕТИОТ НАТПРЕВАР КОГА ХАРЕЛ ГО НАВРЕДИ ДОНЧИЌ