Дома Фудбал Англија Играчите на Лестер одбиле да се одложи натпреварот: Ќе играме и ќе победиме за Вичај!

Играчите на Лестер одбиле да се одложи натпреварот: Ќе играме и ќе победиме за Вичај!

vardy

Фудбалерите на Лестер имаа можност да го одложат утрешниот натпревар од 11-то коло во Премиер лигата против Кардиф.

Сепак, сите до еден одлучија да играат во чест на починатиот сопственик Вичај Шриваданапраба кој го загуби животот заедно со уште четири лица во хеликоптерската несреќа.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Тренерот ни кажа дека постои опција натпреварот да биде одложен бидејќи и понатаму сите се во шок. Но, бевме едногласни и одлучивме да играме бидејќи знаеме дека Вичај би го сакал тоа. Слушам дека луѓето зборуваат како резултатот не е важен. Не се сложувам со тоа. Многу е важен ќе излеземе на терен и ќе победиме за нашиот претседател“, изјави напаѓачот на Лестер, Џејми Варди.

Варди беше дел од шампиоснкиот тим на Лестер, а токму после разговорот со починатиот претседател одлучил да ги одби другите понуди и да остане во Лестер.

„Ова е најтешката недела во мојот живот. Неговиот однос со нас играчите, но и луѓето од градот е точно таков каков што се прикажува. Тој беше повеќе од сопственик на клубот. За мене тој беше дел од моето семејство. Нема врска кој сте и што се, Вичај имаше време за секого, во секое време. Тоа се работи кои никогаш нема да ги заборавам“, потенцираше напаѓачот.

Варди после натпреварот заедно со соиграчите ќе се упати во Тајланд каде што во сабота започнува тридневното испраќање на Вичај.

„Страшно е важно да бидеме таму. И поради самите себе и поради Вичај. Лестер е едно големо семејство и ние едноставно мораме да бидеме“, заврши Варди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крај на истрагата против Мбапе за наводното силување во Шведска

Шведските обвинители ја завршија истрагата за наводното силување поврзано со францускиот ф…