Дома Фудбал Останато Ибра ја откри целта: Да бидам најдобар во историјата на МЛС!

Ибра ја откри целта: Да бидам најдобар во историјата на МЛС!

Златан Ибрахимовиќ во зимскиот преоден рок беше поврзуван со враќање во Европа, но на крајот сепак се одлучи да остане во МЛС лигата и потпиша нов договор со ЛА Галакси.

Ибрахимовиќ има големи планови поврзани со новата сезона и сака да биде подобар и поефикасен од претходната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Велат дека сум стар, но сакам да ги срушам сите рекорди во МЛС лигата“, изјави 37-годишниот голгетер.

„После една сезона во МЛС подобро ја познавам лигата и се поврзано со неа. Возбуден сум и едвај го чекам почетокот на сезоната. Правта сезона помина во запознавање, сега се ми е познато и спремен сум да излезам на терен и да доминирам“, изјави Ибра.

Во првата сезона во дресот на Галакси, Ибрахимовиќ на 27 натпревари постигна неверојатни 22 гола и запиша 10 асистенции.

https://youtu.be/nxZKdCZdueo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баварците синоќа го победија Реал, па ѕвездата на Баерн соопшти во кој клуб ќе оди летово

На стадионот Сантијаго Бернабеу, бевме сведоци на навистина фантастичен натпревар помеѓу Р…