Златан Ибрахимовиќ има 39 години, но е вистински лидер на Милан кој после подолго време игра одлично во Серија А.
Во последните денови освен што е одличен на теренот Ибра е и активен на социјалните мрежи, а утрово објави неколку збора со кои успеа да ја крене шведска на нозе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Искусниот напаѓач кој оваа сезона во Серија А постигна седум голови најави можно враќање во репрезентацијата на Шведска.
„Долго време не сме виделе“, напиша Ибрахимови во описот на фотографија на која е во дресот на шведската репрезентација.
Long time no see pic.twitter.com/1VQR3PMh4s
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) November 2, 2020
Веднаш следуваше и реакција од селекторот на скандинавската селекција, Јане Андерсон кој изјави дека не знае зошто Златан ја објавил оваа фотографија.
„Не знам зошто го направил тоа, можете да зборувате со него. Јас немам поим. Се уште не сме се слушнале“, изјави Андерсон.
Ибрахимовиќ од Шведска се прости на Европското првенство во 2016 година и 62 постигнати гола.