Дома Фудбал Италија Ибра: Играм скоро гратис за тој да зема поголема плата

Ибра: Играм скоро гратис за тој да зема поголема плата

Златан Ибрахимовиќ се врати на терените после 280 дена синоќа на мечот против Аталанта.

41-годишниот напаѓач после долгата пауза изјави дека е се уште во врвна форма и се чуствува одлучно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Многу ми недостигаа навивачите, им благодарам што ми дадоа сила, адреналин и мотив да продолжам. Без нивна поддршка ќе беше многу тешко. Не му се чувствувал толку добро во последните година и два месеци. Се чувствувам способен да го направам она што можам. Слободен сум да го правам тоа што го сакам. Направив два-три тренинзи и играв 15 минути, замислете што би можел да направам со повеќе тренинзи“, изјави Ибра.

На крајот Ибрахимовиќ беше прашан дали може да го убеди Леао да стави потпис на нов договор.

„Ја намалив платата за да му дадат него повеќе пари. Речиси играм бесплатно. Ако ја сака и мојата куќа, ќе му ја дадам“, одговори Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…