Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ со порака до Ентони Џошуа: Моќта е ништо без контрола (Фото)

Ибрахимовиќ со порака до Ентони Џошуа: Моќта е ништо без контрола (Фото)

Ентони Џошуа со одбраната на титулата боксерски шампион во тешка категорија против Јосеф Паркер пред 80.000 гледачи на стадионот во „Кардиф“ ги обедени титулите од четири федерации.

После 12 рунди едногласно судиите одлучија дека Џошуа е победникот, со тоа го превзема и појасот WBO.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во исто време неговиот пријател и голем навивач, Златан Ибрахимовиќ беше фантастичен во дебито за Лос Анџелес Галакси, каде што во градското дерби за само 20 минути постигна два погодоци за победа на неговиот тим од 4:3.

Ибрахимовиќ по мечот на Џошуа му испрати порака преку својот Инстаграм профил.

„Ентони Џошуа, ми недостасува еден. Моќта е ништо без контрола. Секоја чест“, напиша Ибра под фотографијата.

 

@anthony_joshua Im missing one. Power is nothing without control. Well done

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шкендија поради Македонија игра во Европа, а таму се претставува како – албански клуб! (Фото)

Фудбалскиот шампион Шкендија обезбеди место во главната фаза од Конференциската лига, но н…