Крајот на регуларната сезона во МЛС лигата е се поблисли, а објавени се кандидатите за престижните награди кои ќе бидат доделени на крајот од годината.
Помеѓу кандидатите најголемо внимание секако привлекува Златан Ибрахимовиќ кој во МЛС пристигна оваа година од редовите на Манчестер Јунајтед.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ибрахимовиќ се најде помеѓу кандидатите за наградата најкорисен играч во лигата (МВП) која го носи името на легендарниот Лендон Днован.
Швеѓанецот исто така е во конкуренција за добивање на наградите за „новајлија на годината“ и „враќање на годината, со оглед дека во Галакси стигна после тешка повреда.
Малку е да се каже дека Златан стана „инстант сензација“ од своето доаѓање во МЛС, каде што покажа дека се уште не му е време за пензија.
https://www.youtube.com/watch?v=ulFMFi0pHDU