Дома Видео Ибрахимовиќ каков што ретко се гледа: Се расплака во програма во живо 🎥

Ибрахимовиќ каков што ретко се гледа: Се расплака во програма во живо 🎥

Златан Ибрахимовиќ многу често е егоиста кој ретко кога мисли на другите и покажува емоции, но сега покажа дека и тој е сепак само човек.

Шведскиот фудбалер се вклучи во програма во живо и испрати порака за поддршка кон својот пријател Тијс Слегерс. Станува збор за познат холандски новинар кој подолго време се лекува од рак на крвта. Неодамна објави дека неговата болест е неизлечива.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Водителката во емисијата го праша Златан дали се сеќава на моментот кога се запознале. Следуваше емотивен говор на напаѓачот на Милан кој се запознал со новинарот додека играл за Ајакс.

„Секогаш ќе се сеќавам на тој момент. Тој беше мојт единствен пријател во Холандија кога бев изгубен, млад, збунет и мислев дека немам никого. Се појави тој новинар кој ме контактираше. Морам да кажам дека во тоа време новинарите не беа мои пријатели. Но, тој одлучи да ми се јави и да го направи првиот контакт, се најдовме на ручек и од тогаш станавме многу добри пријатели“.

„Заедно игравме тенис, се дружевме и многу ми помогна, ми објасни како стојат работите во Холандија. За Тијс пишував и својата книга, секогаш сум му многу благодарен“, зборуваше Ибра.

Следуваше емотивен момент во кој Ибрахимовиќ пушти солзи, а ниту Холанѓанецот не можеше повеќе да ги задржи солзите.

„Секогаш си во моето срце. Тијс, единствено што сакам е да ти кажам дека те сакам, мој пријателе“, додаде Ибра и почна да плаче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…