Златан Ибрахимовиќ ја коментираше одлуката на Килијан Мбапе да ја одбие понудата од Реал Мадрид и да остане во ПСЖ.
Францускиот напаѓач одлучи да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен до 2025 година, иако претходно долго време се најавуваше негов трансфер во Реал Мадрид. Сепак, Ибрахимовиќ смета дека Мбапе повеќе ќе напредувал во кариерата доколку одлучел да се пресели во Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тој го направи вистинскиот избор за Париз, но не и за себе. Затоа што се стави во ситуација да е поважен од клубот, а клубот му го овозможи тоа. Но, никој не е поголем од клубот, а кога детето ќе добие моќ, лесно може да заработи“, изјави напаѓачот на Милан за францускиот „Канал плус“.
Швеѓанецот има критики и за однесувањето на неговите родители.
„Неговите родители станаа адвокати, агенти, тренери и тоа е проблем. Тогаш ја губите самодисциплината и она што сте вие. Денес, со новата генерација, родителите мислат дека станале ѕвезди. Тие се појавуваат во весниците, но што мислат дека се? Замолчете. На вашиот син е да молчи работи и игра“, изјави Ибрахимовиќ.