Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ибрахимовиќ ги откри своите фаворити и одново порача: Мундијалот без мене не вреди да се гледа!

Ибрахимовиќ ги откри своите фаворити и одново порача: Мундијалот без мене не вреди да се гледа!

ibra

Фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, повтори дека Светското првенство во Русија не е она вистинското.

Ибрахимовиќ ги повтори зборовите од пред неколку години и додаде дека целосно сериозен.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Веднаш ставив до знаење дека не одам да играм со националниот тим, но како што кажав пред четири години, ќе повторам и денес – Светското првенство без мене не вреди да се гледа“.

„Тоа навистина го мислам“, потенцираше Ибра.

Сепак, Швеѓанецот истакне дека постои голема можност да оди во Русија.

„Можеби ќе бидам приустен и ќе уживам во Мундијалот“.

Потоа тој си избра и неколку фаворити.

„Мислам дека фаворити се Бразил, Шпанија, Германија и очигледно Шведска. Аргентина исто така, иако не сакаат да зборуваат за себе дека се фаворити, но тие тоа се.

Жал ми е што САД не успеа да се квалификува бидејќи тоа е земја во која во овој момент престојувам и би навивал за нив“.
Ибра на крајот беше запрашан кој играч би можел да го обележи овој Мундијал.

„Запаметете, ова не е индивидуален спорт, туку тимски. Мислам дека Нејмар после долга пауза и враќањето ќе биде гладен за игра, да биде лидер на својот тим. Со Меси сликата е нормална – најдобар е и тимот ќе го следи! Со Роналдо исто така“, изјави Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…