Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ во свој стил: Подготвен сум за финалето !

Ибрахимовиќ во свој стил: Подготвен сум за финалето !

Златан Ибрахимовиќ минатиот месец доживеа тешка повреда на натпреварот против Андерлехт во Лигата на Европа, и поради тоа ќе паузира неколку месеци.

Ибра го започна процесот на рехабилитација, пред него е голема борба да се врати во форма и да одигра барем уште една сезона пред крајот на кариерата.

Златан не губи надеж, а тоа го потврдува и објавата што ја постави на Инстаграм, со опис „подготвен за финалето“.

Потсетуваме, Јунајтед во четврток го игра големото финале во Лигата на Европа против екипата на Ајакс. Овој натрпевар за „Црвение ѓаволи“ е од огромна важност бидејќи тоа е единствениот пат следната сезона да ги видиме во Лигата на Шампионите.

 

 

Ready for the final

A post shared by IAmZlatan (@iamzlatanibrahimovic) on May 20, 2017 at 6:04am PDT

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ли Шарп: Карик треба да остане, но му требаат засилувања

Ли Шарп смета дека Манчестер Јунајтед треба да му даде повеќе време и засилувања на Мајкл …