Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин беше забележан во Барселона на ручек со Жерар Пике, а шпански „АС“ пишува дека фудбалерот разговарал за телевизиските права на Лигата на шампиони и останатите натпреварувања.
Помина една недела од распадот на Суперлигата, а од планираните 12 тима, останаа само два Реал Мадрид и Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид нема намера да отстапи од Суперлигата, додека од Барселона засега нема никаква информација.
На ручекот меѓу Пике и Чеферин се приклучил и Жоан Лапорта, а интересно е тоа што првиот човек на УЕФА е во војна со овие екипи, но и покрај тоа седнал на ручек.
Новинари од Шпанија тврдат дека Лапорта имал состанок со Чеферин и со Хавиер Тебас, претседателот на Ла Лига пред неколку недели.