Дома Фудбал Останато „ЗОШТО МЕ ПРАШУВАТЕ?!“ – Роналдо го сруши рекордот во ЛШ, па ги нападна новинарите

„ЗОШТО МЕ ПРАШУВАТЕ?!“ – Роналдо го сруши рекордот во ЛШ, па ги нападна новинарите

Реал го победи АПОЕЛ со 6:0 во петтото коло од Лигата на Шампионите, а најдобар играч беше Кристиано Роналдо, кој сруши дури три рекорди во натпреварувањето.

Роналдо стигна до 18 гола во ЛШ во една календарска година, што не му успеа на ниту еден играч во историјата. Со 98 гола за Реал во ЛШ стана играч со намногу голови за еден клуб во тоа натпреварување и така го престигна Лионел Меси. Со додавањето за голот на Бензема ја запиша 27. асистенција во последните десет години, што е уште еден рекорд.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со оглед на тоа што Роналдо во лигата оваа сезона е очаен, а во Лигата на Шампионите соборува рекорди медиумите често го нарекуваа Лига на шампиони, а тоа и му послужи да се пресмета со новинарите. Во микс зоната по натпреварот тој им рече: „Ви велам едно, а вие пишуваше нешто сосема друго. Па зошто тогаш ме прашувате?!“

Ова се однесуваше за медиумите кои ги пренесуваа изјавите на Роналдо поради лошиот старт на Реал во шпанското првенство. Најдобриот играч и стрелец во ЛШ изјави дека со продажбата на Хамес, Пепе и Данило, Реал оваа сезона е далеку понеискусен отколку минатата, кога самоуверено стана шпански, европски и светски шампион.

Коментарот на Роналдо во медиумите беше прикажан како негова критика кон соиграчите, а капитенот Серхио Рамос јавно му одговори на Роналдо дека не се согласува со тоа и дека Реал оваа сезона е посилен од минатата. Шпанските новинари ваквата реакција на Рамос ја толкуваа како отворен конфликт на капитенот и најголемата ѕвезда во тимот.

Роналдо е лут поради сопствените и тимските лоши игри во Примера, каде што Реал по 12 кола заостанува дури десет бода зад Барселона, па само ја чекаше ЛШ за да го турне гневот на новинарите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…