Aрсенал пред две години беше блиску да го доведе Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, но Французинот не сакал да се пресели во Лондон затоа што клубот играл во Лигата на Европа, не во Лигата на шампионите.
Таа сезона 2016/2017 Арсенал не успеа да се квалификува за Лигата на шампионите и така „топџиите“ прв пат после 20 години го пропуштија најквалитетното европско натпреварување. Поради тоа клубот стана помалку интересен за најквалитетните фудбалери, меѓу нив бил и Гризман.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Арсенал можел да го доведе Гризман уште во 2013 година, но тогаш во клубот не биле сигурни во неговиот квалитет, четири години подоцна ситуацијата била обратна. Арсенал во 2017 година го доведе Александар Лаказат место Гризман кој бил прва мета.
И сезона потоа Арсенал не успеа да се врати во Лигата на шампионите.
Кога во прашање е Гризман тој ја промени средината ова лето кога потпиша за Барселона.