Каталонскиот клуб ова лето направи големи промени во играчкиот кадар, а Чави Ернандез се ослободи од некои фудбалери на кои не сметаше уште пред неколку месеци.
Во последниот ден од преодниот рок во центарот на вниманието беше Пјер-Емерик Обамејанг кој продолжува во Челзи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона во последните минути од преодниот рок успеа да го заврши трансферот на Габонецот и потврдија дека од него заработија 14 милиони евра. Но уште никој не знае што се случува со Маркос Алонсо затоа што и тој беше дел од овој трансфер.
Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Алонсо сигурно е дел од овој трансфер и дека пред полноќ била завршена документацијата околу раскинувањето на договорот, но не е јасно зошто клубот се уште не го објавил неговото доаѓање. Според него се појавил ситен проблем кој би требало да биде решен во најбрз можен рок.
Marcos Alonso has left Chelsea by mutual consent, ending a six-year association with the club.
— Chelsea FC (@ChelseaFC) September 2, 2022
Everyone would like to thank Marcos for his service to the Blues and wish him all the very best for the rest of his career. 💙