Дома Фудбал Знаете ли зошто ниту еден играч во Примера не го носи бројот 26?

Знаете ли зошто ниту еден играч во Примера не го носи бројот 26?

При разговор со своите фанови на Фејсбук, капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос истакна дека би сакал да го промени бројот на дресот.

Имено, Рамос вели дека актуелниот број 4 му донесол многу среќа, но би сакал да го носи бројот 93 алудурајќи на судиското продолжение во кое дефанзивецот често постигнува голови, со кои често му носи важни победи на својот тим.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа, еден од фановите во текот на интервјуто му појасни дека не може да го носи дресот до број 93. Имено, според правилата во Шпанија ниту еден играч од првиот тим во Примера не може да носи број на дресот поголем од 25, што таа лига ја прави единствена во Европа.

Најголемиот број (25) главно е резервиран за третиот голман во тимот, па во Реал Мадрид тој дрес го има задолжено Рубен Јанез, а во Барса тоа е исто така третиот голман Масип…

Сепак, броеви поголеми од 25 можат да носат играчи младински фудбалери кои во еден дел од сезоната ќе бидат преместени во првиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…