Златко Далиќ и во наредниот период ќе седи на клупата на Хрватска. Вчера тоа беше официјално потврдено и од хрватскиот фудбалски сојуз.
Новиот договор е со важност до 2022. година, заклучно со СП во Катар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Му благодарам на Давор како претседател на Сојузот, на раководството и на Извршниот одбор за укажаната доверба. Откако се одложи ЕП за следното лето, се договоривме да ја продолжиме соработката до СП 2022. година. Секогаш зборував дека нема поголема чест да ја предводиш репрезентацијата на својата земја и затоа кај мене немаше никакви дилеми околу продолжување на соработката. Имам многу мотив, енергија и амбиција. Додека се чувствувам така со гордост ќе ја предводам хрватската репрезентација.“ – изјави Далиќ.