Хаким Зијех не е задоволен од својот статус во Челзи и ќе побара трансфер во јануари, пренесуваат медиумите на Островот.
Зијех минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување од Ајакс, но не се снајде во Премиер лигата, па Томас Тухел не смета сериозно на него.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Таквата ситуација сакаат да ја искористат неколку европски клубови, а во моментов најсилен интерес покажува Борусија Дортмунд.
27-годишниот плејмејкер е голема желба на „милионерите“ и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Зијех сака да има поголема минутажа и во јануари ќе побара трансфер од раководството на Челзи.
🚨 Hakim Ziyech wants to quit Chelsea in January, with reports in Germany hinting that Borussia Dortmund want to bring the winger to the Bundesliga on loan.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 13, 2021
(Source: Daily Express) pic.twitter.com/VTnYz2XoJU