Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан стои цврсто на земјата и покрај големите успеси со тимот во последните три сезони.
„Рано е да зборуваме за Реал на Зидан. Вистина е дека работите одат по вистинскиот пат, но се уште треба време. Потребно е да продолжиме да работиме како до сега“, изјави Зидан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Жално е што двајца важни фудбалери се повредија (Иско и Карбахал), но нема што да направиме. Ако некој не е спремен 100%, нема да биде во тимот“, додаде Зизу.
На прашањето дали Бензема и Герет Бејл повеќе не се во неговите планови, Французинот одговори:
„Така е во фудбалот. Не може да играат сите. Ќе направам се што е возможно да и двајцата да се чувствуваат важен дел од тимот“.