На веста дека Нејмар би можел да се врати во Барселона, реагираа француските медиуми, од Париз стигна одговор дека ПСЖ би го пуштил Бразилецот само доколку некој клуб плати 400 милиони евра.
Секако, никој не верува дека Барселона би прифатила да плати 400 милиони евра. На оваа тема сега зборуваше и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Пред се, не сакам да зборувам за фудбалерите кои ги немам на располагање. Сега ми кажувате дека вреди 400 милиони евра, а минатото лето го платија 222 милиони евра. Така оди тоа. Кога Реал за мене плати 72 милиони евра на Јувентус го сметав тоа за лудност. Петнаесетина години подоцна еден играч се плаќа 222 милиони евра. Можеби во наредните 10 години навистина некој ќе биде платен и 400 милиони евра“, изјави Зидан.
Зидан потоа доби прашање дали смета дека Нејмар би се вклопил во Нејмар.
„Мислам дека Нејмар би се вклопил во секој клуб на светот. Тој е голем играч, добро знае како одат работите“, одговори Зидан и тука заврши темата „Нејмар“.
Французинот во продолжување на конференцијата одговори на критиките зошто го Бензема се уште добива шанса.
„Кој сака фудбал, тој мора да го сака и Бензема. Секој кој ја разбира оваа игра гледа колку Карим е важен дел од нашиот тим. Некој може да го сака или да не го сака, меѓутоа тој покажа квалитет. Тоа не го кажувам јас, туку статистиката. Луѓето поради тоа што го постигнал во минатото очекуваат повеќе. Го критикуваат зошто не постигнува голови, но јас добро гледам што прави за тимот и го ценам тоа“, изјави Зидан.