Реал во вчерашниот натпревар го победи Баерн со 2:1 во Минхен и си создаде солидна предност пред реваншот во Мадрид.
„Кралевите“ не беа на своето ниво. Баерн беше подобар во текот на целиот натпревар и имаа неколку одлични прилики, но не успеаа да постигнат повеќе од еден погодок. Грешките во нападот Реал ги казнуваше.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Зинедин Зидан секако беше задоволен од резултатот, но предупреди дека неговите играчи не смеат да се опуштат и да помислат дека ја завршиле работата.
„Ништо се уште не е готово. Сетете се на натпреварот против Јувентус. Во ова натпреварување не можете да кажете дека е нешто решено после првиот натпревар. Се мачевме на отваравањето на натпреварот. Не успевавме да ја изнесеме топката, но во продолжение бевме подобри. Не е лесно да се победи во Минхен и тоа сите го знаат. Поради тоа мораме да бидеме среќни со овој резултат, но исто така мораме и можеме да одиграме подобро во реваншот“, заврши Зидан.