Дома Фудбал Зидан не е заинтересиран за кормилото на Јунајтед

Зидан не е заинтересиран за кормилото на Јунајтед

Бившиот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан нема да седне на кормилото на Манчестер Јунајтед дури и да добие понуда од „црвените ѓаволи“.

Според информациите од „Мундо Депортиво“ Зидан сака да направи пауза во кариерата и да се одмори од фудбалот, па е спремен да ја одбие понудата од Манчестер Јунајтед.

Весникот тврди дека Зидан би ги променил плановите единствено ако добие понуда од Пари Сент Жермен или од француската репрезентација.

Како што е познато Манчестер Јунајтед сериозно размислува да му врачи отказ на Солскјер после срамниот пораз од Ливерпул.

Прва кандидат за негов наследник е Антонио Конте, а италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите веќе започнале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од шампион до човек што го воскресна Хајдук: Приказната за Шиме Подује

Со Хајдук освои две титули, а во воените години организираше 14 фудбалери да стигнат на Ви…