Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не е загрижен ако тимот не постигнува успеси како во неговиот прв престој на „Сантиаго Бернабеу“.
Тогаш славниот Французин донесе три титули во Лигата на шампиони и фановите се надеваат на нови триумфи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Нема да е неуспех ако не освоиме ниту еден трофеј. Неуспех е ако не се обидеме да освојуваме трофеи. Треба да тренираме добро и да го дадеме најдоброто од себе. Еден клуб ја освојува Примера и еден Лигата на шампиони. Мислите дека останатите се губитници? Јас не мислам така“, заклучи Зидан.
Следната седмица „кралевите“ ќе учествуваат во турнирот за
Суперкупот на Шпанија, кој од оваа година се игра во нов формат со четири
клуба. Претходно на Реал му претстои гостување кај градскиот
ривал Гетафе.