Дома Фудбал Зидан: Имам објаснување за тоа што се случи!

Зидан: Имам објаснување за тоа што се случи!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан повика на смиреност после третиот последователен кикс на домашен терен.

„Кралевите“ освоија само 2 бода на „Сантиаго Бернабеу“ оваа сезона и во моментов заостануваат 7 бода зад лидерот Барселона.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Има јасно објаснување за трите лоши резултати на домашен терен. Создадовме многу шанси, но не успеавме да постигнеме гол. Против Бетис имавме 27 шанси, но топката не сакаше да влезе. Тоа е фудбалот, како што ние имавме лош период, така ќе имаат и другите тимови. Ќе бев многу позагрижен доколку не создававме шанси. Како што гледате се уште сум насмеан и уживам да бидам тренер на Реал“, изјави Зидан.

Французинот не е загрижен и од историскиот факт дека „кралевите“ никогаш не успеале да ја стигнат Барса, кога во овој дел од сезоната заостанувале 7 бода.

„Не ме интересира што мислат луѓето, јас ќе продолжам да работам на истиот начин“, заклучи Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…